СКОПЈЕ ГОСПЕЛ ХОР АУДИЦИИ 2016

ЗА ХОРОТ...

Скопје Госпел Хорот е формиран во 2013 година.

Првпат настапи на финалето на шоуто Танц со Ѕвездите истата година.
ЗА ВОДАЧОТ НА ХОРОТ

Хорот го води врвен музичар, магистар по музика Анет-Марија Манчева Галевска.

Анет има долгогодишно музичко искуство.

Таа има работено и настапувано во САД, Канада и многу европски држави!

Исто така работи како композитор и аранжер.

Има огромен број на настапи, композиции и аранжмани!

Слики од Анет
▼▼▼▼▼▼▼▼
Види фотографии од Анет...
СТРУКТУРАТА НА ХОРОТ

Скопје Госпел Хорот е сосема уникатен хор во Македонија па и пошироко.

Поразличен е од другите хорови по содржина и структура.

Звучи многу модерно и има многу опуштена и весела атмосфера!

ЖАНРОВИ И РЕПЕРТОАР


Песните што се пеат во хорот се најчесто многу добро познати Gospel, Soul & RnB класици, но не се отфрла можноста да се обработуваат композиции и од други жанрови.  

Секоја песна е внимателно обработена во нов аранжман од страна на Анет, во зависност од составот на хорот во тој даден период и во зависност од вокалните способности на хористите.

Никогаш не користиме фиксни аранжмани претходно направени за некој друг контекст, кои што не се вклопуваат во нашиот.

Затоа, нашите проби и настапи секогаш се исполнети со живост и енергија, а не само механичко читање партитури! :)


ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ХОРОТ

Сите заинтересирани што сакаат да бидат дел од хорт ќе треба да поминат низ следниов процес:

1. Пријавување за аудиција.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА АУДИЦИЈА ОВДЕ!

2. Аудиција

Аудицијата ќе се состои од стандардна проверка за утврдување на гласовниот дијапазон, и пеење песна по слободен избор.

Сите апликанти заинтересирани да дојдат на аудиција ќе бидат лично известени за времето и местото на аудицијата.

3. Резултати од аудицијата

Неколку дена по аудицијата сите ќе бидат лично известени за резултатите од аудицијата.

4. Зачленување во хорот

Ако аудицијата била успешна, следува зачленување во хорот! :)

ВАЖНА НАПОМЕНА!!!

ЗА ВАШЕ УЧЕСТВО ВО ХОРОТ НЕ Е ПОТРЕБНО ПРЕТХОДНО:
- МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
- УЧЕСТВО ВО ДРУГИ ХОРОВИ
- МУЗИЧКА ПИСМЕНОСТ (ЧИТАЊЕ НОТИ)

ОД СЕКОЈ ПОТЕНЦИЈАЛЕН ЧЛЕН ЌЕ СЕ ОЧЕКУВА ДА ИМА МИНИМУМ ПРОСЕЧНО СТАБИЛНА ИНТОНАЦИЈА!

Со почит,
Скопје Госпел Хор